25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai Genesis Coupe за 2014-та

Hyundai Genesis Coupe за 2014-та

hyundai genesis 777

Компанијата „Hyundai“ го претстави моделот „Genesis Coupe“ зa 2014-та година.

Автомобилот претрпе мали промени, а доби дополнителна стандардна опрема, вклучувајќи ги ретровизорите со греачи и магленки. Исто така достапен е во пет нови бои, „Santiago“ сребрена, „Ibiza“ сина, „Caspian“ црна, „Casablanca“ бела и „Empire State“ сива боја.

hyundai genesis 77

Исто така нема многу промени во внатрешноста на ова возило. Тука се новите патосници, „crusie control“, како и ретровизорот со сензор за затемнување со бежичниот систем „HomeLink“. Останатите промени вклучуваат подобар навигациски систем, автоматски систем за предупредување од незгода и други безбедносни системи.

На купувачите ќе им бидат достапни два мотори, а тука се 2.0-литарскиот четирицилиндарски мотор кој развива 274KS и 372 Nm вртежен момент, како и 3.8-литарскиот V6 мотор кој испорачува 348KS и 399 Nm вртежен момент.

Моторот може да биде поврзан со подобрената шестстепена мануелна трансмисија и осумстепениот автоматски менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП