25 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотона профитот на Shell

Потона профитот на Shell

shell326

Англо-холандскиот нафтен гигант „Shell“ забележа пад на нето профитот во изминатата година од 39 проценти.

Заработката пред оданочувањето лани е намалена на 16,37 од 26,71 милијарди долари од 2012 година наведува компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.

„Shell“ исто така порача дека планира продажба на средства од 15 милијарди долари во наредните две години, како и намалување на капиталните трошоци.

Нето профитот во три месеци заклучно со декември е намален за 70 проценти на 2,2 од 7,4 милијарди долари во однос на истиот период во 2012 година.

„Нашиот бизнис во 2013 година не беше онаков како што очекувавме. Ќе се фокусираме на поправка на финансиските резултати и зајакнување на работењето“, изјави извршниот директор на „Shell“ Бев ван Баурден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП