18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle ја продава Motorola на Lenovo за 2.9 милијарди долари

Google ја продава Motorola на Lenovo за 2.9 милијарди долари

gogle motorolata

„Lenovo Group“ ќе го купи производителот на телефони „Motorola“ од страна на „Google“, објави Ројтерс. Објавената цена за продажба е 2,91 милијарди долари.

Ова е една од најголемите зделки на пазарот на мобилни телефони, а „Lenovo“ ќе му плати на „Google“ 660 милиони долари при склучувањето на договорот и уште 750 милиони во хартии од вредност. Останатите 1,5 милијарди долари ќе бидат исплатени во текот на 3 години. Повеќето патенти кои припаѓаат на „Motorola“, остануваат сопственост на „Google“.

Ова е втора голема зделка на „Lenovo“ во САД во рамките на една недела откако кинеската компанија пред неколку дена најави дека ќе купи бизнисот на „IBM“ за 2,3 милијарди долари.

„Google“ ја купи „Motorola“ во 2012-та година за 12,5 милијарди долари, а како главен таргет на „IT“ гигантот беа токму патентите во портфолиото на производителот на телефони. На крајот на истата година „Google“ го продаде за 2,5 милијарди делот на „Motorola“ кој се занимава со производство на ТВ приклучоци.

Основана во 1929-та година, „Motorola“ првиот комерцијален мобилен телефон го пушта во 1983-та година. Во 90-тите години компанијата беше лидер меѓу производителите на мобилни телефони, но постепено ја отстапи таа позиција.

По веста за договорот помеѓу „Google“ и „Lenovo“ акциите на кинеската компанија паднаа за 8.21 % на берзата во Хонг Конг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП