20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да го намалите ризикот од срцеви болести?

Како да го намалите ризикот од срцеви болести?

zdravosrce1

Медицинските експерти не советуваат дека е потребно сите да го заштитиме своето срце, срцевите болести се еден од најчестите фактори за смртта кај луѓето. Како би можеле да го намалите ризикот од болести на срцето? Во тоа би можеле да ви помогнат следните совети…

Информирајте се

Секој би требало да ги знае границите за нормален притисок, холестерол и триглицериди.

Вежбајте

Пешачете со брзо темпо 20 до 30 минути дневно, неколку дена во неделата. На овој начин можете да го намалите ризикот од прерана смрт за повеќе од 50 проценти. Со телесната активност ќе го намалите притисокот, ќе го подобрите нивото на холестерол, ќе го ублажите дејството на стресот, подобро ќе спиете и повеќе ќе паметите.

Смејте се

Смеата ни го продолжува животот. Само 15 минути смеење може да има ист ефект врз кардиоваскуларното здравје како и половина час аеробни вежби. Смеењето е поврзано и со намалувањето на чувството на болка и мачнина, а со него се ослободуваат и хормони кои го подобруваат расположението. Смејте се и живејте долго.

Важна е половината

Внимавајте со килограмите и со обемот на половината. Мастите кои се собираат на ова подрачје се непосредно поврзани со високиот крвен притисок, зголеменото ниво на холестерол и зголемениот ризик од развивање на шеќерната болест.

Сон

Кога сте ненаспани не ве бидува за ништо? Освен тоа квалитетниот сон значи и здравје. Тој е исклучително важен за здравјето на човекот. Недостатокот на сонот го зголемува притисокот, не прави понервозни, го зголемува стресот, апетитот и го забавува метаболизмот и лошо делува на нашето расположение.

Пред да си легнете обавезно проветрете ја собата и исклучете ги телефоните и телевизорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП