20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоњановски на откупните пунктови за тутун во Прилеп

Коњановски на откупните пунктови за тутун во Прилеп

konjanovski

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска ќе ги посети откупните пунктови за тутун во општина Прилеп.

Според Сојузот на тутунските здруженија, од вкупниот род што тежи околу 30.000 тони тутун, преземени се над 16.000 тони. Динамиката на откуп е зголемена, дневно се преземаат по 700 до 800 тони.

Тутунарите не се задоволни од просечната цена која достигна 156 денари за килограм зашто, велат, родот е квалитетен.

Сојузот проценува дека согласно динамиката, родот од 30.000 тони може да се откупи до крајот на овој месец, пред законскиот рок, 15 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП