2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМадрид: Бараат спас во сивата економија

Мадрид: Бараат спас во сивата економија

madrid12bhu

Обемот на неоданочените трансакции во Шпанија се зголеми на ниво еднакво на една четвртина од БДП на оваа земја, бидејќи невработените работници бараат средства за живот во сивата економија.

Нивото на финансиските трансакции, извршени зад грбот на даночните власти, во 2012 година се зголеми на 253 милијарди евра, или 24,6 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на Шпанија, покажуваат податоците на шпанскиот Синдикат на даночни инспектори, пренесува агенцијата Франс прес.

Истата година, конзервативната влада во Мадрид најави тригодишна заштеда од 150 милијарди евра, кои ќе бидат постигнати преку намалување на јавната потрошувачка и други мерки кои предизвикаа масовни улични протести.

„Петгодишната рецесија во Шпанија предизвика стапка на невработеност од над 26 проценти, што придонесе за пораст на сивата економија и зголемен случај на измами. Верувањето на граѓаните дека владата не прави доволно напори за да се избори со измамите, предизвикува раст на сивата економија“, се наведува во извештајот на синдикатот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП