4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays затвора една четвртина од филијалите

Barclays затвора една четвртина од филијалите

barbarclays

Финансиската куќа „Barclays“ соопшти дека во брзо време има намера да затвори една четвртина од постоечките 1.600 филијали во Велика Британија.

Покрај ова, наскоро се очекува дека „Barclays“ ќе најави и нови отпуштања.

Според податоците на агенцијата АП, отпуштањата ќе ги погодат работниците од средното ниво, односно одделот за инвестициско банкарство.

Претходно, извршниот директор на банката Ентони Џенкинс објави дека во наредните месеци ќе бидат отпуштени до 4,000 лица, со цел да се намалат троошоците за 1,7 милијарди фунти (2,8 милијарди долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП