28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВардарскиот плански регион доби донации за четири проекти

Вардарскиот плански регион доби донации за четири проекти

vardarskoplanski1

– Вардарскиот плански регион доби донации за изработка на техничка документација за четири проекти Неготино, Демир Капија, Свети Николе и Чашка.

Раководителот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со седиште во Велес Марко Колев на денешната прес конференција информира дека ги добил долгоочекуваните донации од програмата за регионален развој ГИЗ РЕД во Македонија.

Колев појасни дека процесот за добивање на донациите се одвивал во неколку фази во период од шест месеци, а се финализирал на 17-ти јануари кога се потпишал договорот за донациите во висина од 3.065.000 денари.

Донациите ќе се употребат за изработка на технички документации за општината Демир Капија за проектот за етно село „Клисура“, на општина Неготино за индустриската зона „УЗ 8“, за водоснабдувањето на шест околни села во општина Свети Николе и за реконструкцијата на патот Чашка-Горно Врановци.

– Согласно прописите на Владата на Република Македонија ние веќе се обративме до Секретаријатот за европски прашања каде ги пријавивме проектите и веќе чекаме одобрение, а во меѓувреме заедно со општините ги подготвуваме и тендерските документации па кога ќе стаса согласноста ќе одбереме и фирма која ќе ги изработува техничките документации, потенцираше, Колев.

Четирите проекти предвидено е да се реализираат во временски период од седум месеци односно да завршат до крајот на август годинава и со тоа наведените општини ќе добијат бенефит во повеќе области како што е развој на туризмот и локален и регионален развој.

Колев појасни дека Општина Велес иако била планирана не е вклучена во овие донации затоа што временскиот период бил прекраток па затоа останува општина Велес сама да ја финансира изработката на техничката документација за новата индустриска зона во Караслари.

– Центарот за развој на Вардарскиот плански регион редовно ги следи сите јавни повици и аплицираме со проекти. Инаку моментално подготвуваме еден проект со Регионалната занаетчиска комора во Велес со што ќе им помогнеме да добијат техничка поддршка, изјави Колев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП