4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнисмените од Гостивар се запознаа со новините при вршење инспекциски надзор во...

Бизнисмените од Гостивар се запознаа со новините при вршење инспекциски надзор во царински постапки

g_carina-kamion-mal

Преставници на бизнис заедницата од гостиварско-тетовскиот регион, денеска се запознаа со новините при вршење на инспекциски надзор поврзан со царински постапки.

На презентацијата, која е дел од кампањата на Царинската управа, во просториите на Факултет за прехранбена технологија и храна во Гостивар, државни инспкетори и претставници на Царината ги појаснуваа погодностите кои се воведени со новите законски одредби и одговараа на прашања поврзани со извозот и увозот на стоки.

Со т.н. “гилотина” постапка за поедноставување на процедурите во иднина, стоката која е предмет на надзор на дирекцијата за храна и ветерина и инспекторите од земјоделство, во иднина ќе се издава само едно одобрение.

„На ваквите средби со бизнис заедницата дискутираме пред сé за олеснувањето и поедностувањето на инспекцискиот надзор при царинските постапки. Посебно сакаме да укажеме на можностите за избегнување на повеќе лиценци за еден вид стока, инспекциски надзор врз мали пратки и стоки или мостри и контролата на квалитет“, рече Димче Аџиоски началник на одделенито за транзит и гранични формалности во секорот за царински систем.

Освен за новините, стопанствениците се запознаа и со погодностите од едношалтерскиот систем за добивање на 59 видови лиценци, дозволи и одобренија од 16 државни институции.

Минатата година на овој начин, по електронски пат биле издадени над 74 илјади одобренија.

На досегашните пет работилници, кои се организираа во поголемите градови, Битола, Струмица, Скопје, Штип, присуствувале преставници на над 150 компании. Работилницата во Гостивар беше потпомогната од Стопанската комора на северо-западна Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП