3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска делегација на средба со ИТ компании во Индија

Македонска делегација на средба со ИТ компании во Индија

makdel1

Индиски компании од ИТ секторот заедно со македонската делегација предводена од министерот за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф на средба во Бангалор ги разгледаа потенцијалите потреби на компаниите за нивно дополнително проширување во Европа.

Како што се наведува во соопштението, делегацијата оствари средба со една од најголемите индустриски индиски конгломерати – компанијата Махиндра & Махиндра, како и со компаниите Hinduja Global Solutions, Infosys I Mindtree и беа посетени кампусите на две од водечките ИТ компании во светот Infosys I Mindtree.

Договорено е и органзирање бизнис форуми со цел презентирање на можностите за инвестирање и зголемување на трговијата на средбата со министерот за економија на Обединетите Арапски Емирати Султан бин Саед Ал Мансори и министерот за интернационална индустрија и трговија на Малезија Мустапа бин Мохамед.

Македонската делегација, во чиј состав се и министерот за информатичко општество Иво Ивановски, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо, економскиот промотор Тони Атанасовски, од 27-29 јануари присуствуваат на интернационалниот Бизнис Партнершип Самит во Индија организиран од најголемата стопанска комора на Индија. На Самитот учествуваат повеќе од 1000 компании и претставници на 35 земји во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП