1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank: Дивиденда од 0,75 евра

Deutsche Bank: Дивиденда од 0,75 евра

deutshe bank12mn

„Deutsche Bank“ ќе предложи во фискалната 2013 година на акционерите да им се исплати дивиденда од 0,75 евра по акција, што е еднаква на онаа од претходната година.

Групацијата минатата година оствари нето профит од 1,08 милијарди евра, во однос на 315 милиони евра од претходната година, пренесува агенцијата Франс прес.

Банката, сепак, ги разочара инвеститорите со загубата од 965 милиони евра во четвртиот квартал, како резултат на еднократните трошоци.

Извршните директори на „Deutsche Bank“ Јирген Фичен и Анш Јаин се внимателни во однос на прогнозите за тековната година, поради бројните предизвици во вид на судски трошоци и раст на инвестициите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП