13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКонференција за финансирање на мали бизниси во Битола

Конференција за финансирање на мали бизниси во Битола

siroksokak

Центарот за развој на Пелагонискиот регион во соработка со УСАИД, денес го претстави проектот за експанзија на мали бизниси, во кој ќе бидат вклучени партнерски организации од Битола и Прилеп.

Директорот на секторот за економски раст и развој во УСАИД – Џо Лесард, на средба со новинарите истакна дека нивната цел е да ги научат претставниците на малите бизниси како полесно да пристапат до различни фондови.

– Проектот за експанзија на мали бизниси е лоциран во два региона, во Полог и Пелагонија и има за цел да го зголеми економскиот раст и развој на локално ниво. Сакаме да се намали невработеноста и да се создадат нови работни места во заедницата. Нашиот проект е базиран на партнерство, но партнерствата не се секогаш доволни и затоа потребно е финансирање, па затоа преку овој настан сакаме да помогнеме малите бизнис да дојдат до финансии и затоа поканивме претставници на различни фондови, посочи Лесард.

На пленарни сесии за учесниците на конференцијата во Битола, беа претставени можностите на програмата ИПА за прекугранична соработка, програмата ИПАРД, Националната програма за рурален развој, Програма за конкурентност и иновации, инструменти за финансирање од Владата на Холандија, поддршка на трансферот на технологија кај малите фирми и кредитирање преку Бизнис стартап центар, како и можностите што ги нуди Македонска банка за поддршка и развој.

– Нашата цел е да го поттикнеме развојот на претпријатијата во регионот, да им помогнеме да обезбедат што повеќе информации и знаење за достапните финансиски инструменти, со што ќе се зголеми интересот за нивно искористување, истакна Владимир Величковски, проектен координатор во Центарот за развој на пелагонискиот регион.

Учесниците на денешната конференција во Битола во јавната дебата, потврдија дека најголем дел од средствата што ги нудат различните фондови не се доволно искористени заради сложеноста на апликациите и големата процедура, која ја намалува ефикасноста и интересот за ползување на таа понуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП