9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШимшек: Ефектите од зголемување на основната каматна стапка ќе бидат негативни

Шимшек: Ефектите од зголемување на основната каматна стапка ќе бидат негативни

M

– Турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек денеска ги потцени ефектите од одлуката на турската Централна банка за зголемување на основните каматни стапки, изјавувајќи дека таа ќе предизвика поголеми економски штети и загуба на довербата во Централната банка.

Централната банка својата одлука ја донесе на синоќешната вонредна седница и покрај острото противење на премиерот Реџеп Тајип Ердоган за зголемување на каматите. Според него, на оваа мерка инсистира „каматното лоби од шпекуланти, кое сака да го спречи растот и да ја поткопа економијата“.

– Ако не ја зачуваме довербата, растот ќе ослабе многу побрзо, изјави министерот за финанси Мехмет Шимшек, коментирајќи ја синоќешната одлука на Банката.

Од друга страна главен економист во „Оак секјуритис“, Мехмет Бесимоглу оцени дека ефектите од зголемувањето на основните каматни стапки со сигурност ќе бидат негативни, но без тоа вредноста на лирата ќе била во „слободен пад“.

– Тоа многу повеќе ќе и наштети на економската активност на земјата, нагласи Бесимоглу.

Синоќешното изненадувачки големо зголемување на каматите на турската Централна банка, веќе на кус рок даде позитивен резултат, бидејќи курсот на турската лира скокна на девизните пазари.

Основната дневна каматна стапка е зголемена од 7,75 на 12 проценти, а неделната од 4,4 на 10 отсто, се наведува во соопштението на банката.

По одлуката за зголемување на каматите, вредноста на турската национална валута синоќа веднаш порасна, достигнувајќи 2,18 лири за долар од 2,25 лири за долар, колку што вредеше во текот на вчерашниот ден, за претпладнево една американска валута да се менува за 2,11 турски.

Во понеделеникот турската национална валута го забележа најнискиот курс од 2,39 лири за долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП