ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на кредитирањето во еврозоната

Остар пад на кредитирањето во еврозоната

inflacija-evrozona

Кредитирањето на компаниите во презадолжената еврозона остро се намали во декември, покажаа податоците на Европската централна банка (ЕЦБ).

Кредитите одобрени на приватниот сектор во декември се намалени за 2,3 проценти на годишно ниво, откако во ноември тие потонаа исто толку, наведува ЕЦБ, пренесува агенцијата Франс прес.

Банката, исто така, објави податоци за количината на пари во оптек, прелиминарен индикатор за инфлација, кои покажаа дека вкупната сума на пари во оптек минатиот месец е зголемена за еден процент, по растот од 1,5 проценти во ноември.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП