27 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Гугл Глас“ сега и на очилата за вид

„Гугл Глас“ сега и на очилата за вид

Google_gla

Компанијата „Гугл“ одлучи да им излезе в пресрет на сите оние кои имаат ретка среќа да бидат „Глас Експлорерс“, а тоа се лицата кои имаа привилегија да бидат меѓу првите кои ќе користат смарт-очила на компанијата, претставувајќи ги Гугл Глас рамките со диоптрија.

„Гугл“ претстави четири нови титаниумски рамки за своите „паметни“ очила кои сега прифаќаат диоптриски стакла.

„Титаниумската колекција“ им нуди на корисниците четири различни рамки по цена од 225 долари, но корисниците ќе мораат на нив да постават Гугл Глас.

Оригиналните смарт-очила, кои немаат можност за вградување стакла со диоптрија и понатаму ќе се продаваат во пет различни бои.

– Сметаме дека новите рамки ќе ги задоволат повеќето вкусови на јавноста и се надеваме дека и другите компании ќе почнат со дизајнирање на посебни очила за вид кои можат да функционираат со нашите смарт-очила, изјави Стив Ли од компанијата „Гугл“.

Компанијата се труди Гугл Глас очилата да станат социјално прифатени, бидејќи наидуваат на голем отпор.

Неодамна на маж и жена од Охајо им било кажано да ја напуштат кино салата бидејќи носеле вакви очила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП