27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung во 2015-та се откажува од лаптопите со Windows

Samsung во 2015-та се откажува од лаптопите со Windows

samsung laptopi

„Samsung“ за 2013-та година имаше големи планови, па во компанијата се надеваа дека ќе продадат дури 17 милиони лаптопи, но на крајот оваа бројка изнесуваше „само“ 12 милиони примероци.

Лошите продажни резултати во однос на очекуваните ги натераа во „Samsung“ во оваа година да влезат со помал оптимизам. Според информациите до кои дојде „DigiTimes“, „Samsung“ оваа година планира да испорача 7 милиони лаптопи што е за 41,67% помалку во однос на минатата година. Истиот извор наведува дека од 2015-та година „Samsung“ има во план да се откаже од продажбата на лаптопи кои го користат оперативниот систем „Windows“ и во целост да се посвети на изработката на нови лаптопи кои ќе бидат базирани на „Google Chrome OS“.

Кога ќе се земе во предвид дека „Windows“ во верзиите 8 и 8.1 и не е така најдобро прифатен од страна на корисниците, тогаш оваа многу значајна одлука и не е изненадување, затоа што сега „Chromebook“ доста добро се продава, за разлика од лаптопите со споменатите верзии на „Windows“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП