3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLloyds Banking Group дели 1.100 откази

Lloyds Banking Group дели 1.100 откази

lloyds-banking-group-share-

Британската банка „Lloyds Banking Group“ соопшти дека ќе отпушти околу 1.100 работници.

Отпуштањата ќе го погодат оделот за малопродажно и комерцијално банкарство, ризични операции како и службениците кои работат директно со клиенти. Покрај тоа, уште околу 300 позиции ќе бидат надворешни.

Во „Lloyds Banking Group“ велат дека овој бран на отпуштања е дел од долгорочниот план за оптимизација, претставен уште во 2011 година.

Во моментов се разгледуваат условите за престанок на договорот за работа, како со претставниците на синдикатот, така и непосредно со самите работници, изјави претставник од банката.

Раководството на „Lloyds Banking Group“ ќе направи се што е потребно за овој процес да пројде мирно и тактично, додава тој.

„Lloyds Banking Group“ во сегашно време продолжува да се ослободува од средствата кои носат голема загуба или не се од пресудно значење. Факт е дека најголемиот акционер е Министерството за финансии на Велика Британија, на кое му припаѓаат околу 39 проценти од акциите. Токму со ова, аналитичарите го поврзуваат настојувањето на раководството што побрзо да се заврши процесот на оптимизација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП