5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски текстилни компании на средби со европски увозници

Македонски текстилни компании на средби со европски увозници

tekstilnikompaniimakedonija1

Oсум компании од текстилната индустрија од Македонија ќе ги презентираат своите производи и услуги денеска во Копенхаген на средба со фирми од Северна Европа.

На средбата, европските увозници ќе имаат можност да се запознаат и воспостават деловни партнерства со македонските текстилни компании: „Албатрос“, „Еуросолид“, „Виеми“, „Алекс“, „Верамонд“, „Алзама“, „Линеа“ и „АСМ“. Нивни претставници утре ќе го посетат Меѓународниот саем за мода во Копенхаген. На саемот, најголем од овој вид во Северна Европа, на површина од 40.000 метри квадратни се претставуваат безброј брендови.

Средбите се во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (InvestMacedonia) заедно со Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот (IDEAS), Швајцарската програма за промоција (SIPPO) и Текстилно трговско здружение на Македонија.

– Целта на деловните средби е презентација на македонските фирми пред европскиот пазар, воспоставување директни контакти и преговори со потенцијални купувачи, обезбедување корисни информации во однос на пазарните трендови, конкурентноста, технологијата и цените. Средбата ќе овозможи и подобро позиционирање на македонските фирми на меѓународните пазари, соопштуваат од Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот (IDEAS).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП