1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВиена Иншуренс Груп со најголем удел на пазарот на осигурување во Македонија

Виена Иншуренс Груп со најголем удел на пазарот на осигурување во Македонија

winner-novo22

Со речиси милијарда и половина денари полисирана премија, Виена Иншуренс Груп е доминантен пазарен лидер помеѓу осигурителните групации во Македонија за 2013 година.

Винер – Виена Иншуренс Груп ги претстави официјалните резултати за деловната 2013 година, во која уште еднаш оствари одлични резултати, зголемувајќи ги приходите и профитот за речиси 8%. Со тоа продолжува позитивниот тренд на динамичен раст на компанијата. Од компанијата уште информираат дека според објавените резултати, Винер се издвојува од конкуренцијата по динамичното решавање на штети, со убедливо најмал број на нерешени штети помеѓу осигурителните компании во 2013-та година.

Воедно, сумираните резултати од домашниот осигурителен пазар во изминатата година покажуваат дека со полисирaна премија од 1 милијарда и 414 милиони денари, Виена Иншуренс Груп останува неприкосновен лидер според пазарниот удел во Република Македонија.

„Бројките и резултатите се одлични, како и натфрлените норми по сите параметри кои се вреднуваат како суштествен успех и основа за долгорочна стабилност, но она што највеќе радува, а кое не можете да го сретнете во извештаите е задоволството и довербата на клиентите кои ги чуствуваат сите привилегии на нашата напорна работа. Токму нивното задоволство и нивната доверба е најважниот критеруим и најголемата награда за нас.“ – изјави д-р Зоран Нарашанов, Генерален директор на Винер – Виена Иншуренс Груп по овој повод.

Инаку, Виена Иншуренс Груп е најмоќната осигурителна групација во Централна и Источна Европа, присутна во 25 земји со над 50 компании, со годишни приходи од речиси 10 милијарди евра. Групацијата е присутна во Македонија преку Винер Осигурување од 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП