20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes го подготвува редизајнираниот CLS

Mercedes го подготвува редизајнираниот CLS

mece cla nov

Прототипот на освежениот „Mercedes CLS“, кој би требало да се најдде во продажба до крајот на 2014-та година, е фотографиран за време на зимските тестови.

На автомобилот од фотографиите со фолија се прекриени само одредени делови на надворешноста, а се очекува токму тие елементи да бидат редизајнирани во однос на актуелната верзија. Станува збор за браниците и предните и задни светлосни групи.

Што се однесува до внатрешноста, промените ќе бидат минимални. „Mercedes“ ќе им понуди на купувачите редизајниран волан и поголем екран за мултимедијалниот „COMAND“ систем.

Сите споменати модификации се однесуваат на купе-лимузината, а исто така и на „CLS Shooting Brake“ и соодветните „AMG“ модели.

Изборот на мотори најверојатно ќе биде ист како и досега, но со можност за воведување на нова 3.0-литарска V6 „bi-turbo“ единица со 333 ks (245 kW) и 480 Nm максимален вртежен момент.

Кога станува збор за „AMG“ верзиите на располагaње е постоечкиот 5.5-литарски V8 со 557 ks (410 kW) и 720 Nm. Во врвот на понудата би требало и натаму да биде „AMG 4MATIC S-Model“ чија погонска единица е зголемена на 585 ks и 800 Nm максимален вртежен момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП