5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLego повторно ги зголеми приходите и пазарот

Lego повторно ги зголеми приходите и пазарот

Plisades LEGO.jpg

Данскиот производител на играчки „Lego“ и во изминатата година продолжи да расте во Швајцарија, зголемувајќи ги приходите за 3,1 проценти и пазарното учество на 17,2 проценти.

А во целиот регион, која ја опфаќа Швајцарија, Германија и Австрија, приходите од продажбата се зголемени за 4,1 проценти, соопштија од комапнијата.

Во Германија приходите на „Lego“ се намалени за четири проценти, а пазарното учество изнесува 17,1 проценти. Во Австрија компанијата ги зголеми приходите за 6,1 проценти, со пазарен удел од 18,4 проценти, пренесува швајцарскиот весник „20 минути“.

За оваа година компанијата е оптимистична, очекувајќи, меѓу другото, продажбата дополнително да биде поттикната од првиот кинематографски филм „Lego“.

Оваа компанија уште во 1932 година ја основал еден столар во малиот град Билунд, во Данска, каде денес се наоѓа седиштето на оваа групација, која е присутна во 130 земји од светот. „Lego“ вработува околу 11,000 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП