23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Женева премиера ќе има новото Volkswagen Polo

Во Женева премиера ќе има новото Volkswagen Polo

polo 2014 1

„Volkswagen“ ги објави фотографиите и техничките детали на редизајнираниот модел „Polo“ кој ќе има премиера на саемот во Женева.

По пет години од лансирањето, германскиот производител го освежи својот втор најпродаван модел во гамата.

polo 2014 2

Како и обично, кога станува збор за редизајн на автомобил кој на пазарот е веќе неколку години и кој како што е во случајот со „Polo“, полека почнува да заостанува зад современите конкуренти во класата, пред се во видливите козметички промени на надворешноста.

Интервенции се извршени на маската на ладилникот и браникот, а моделите со подобри пакети на опрема сега ќе имаат и „LED“ технологија во фаровите.

polo 2014 3

Задниот браник е преобликуван и тоа како е проширена позицијата предвидена за регистарската таблица, а редизајнирани се и стоп-светлата.

Во внатрешноста промените вклучуваат нов дизајн на инструмент таблата и воланот, како и подобрена централна конзола, нови вентилациски отвори и модуларен мултимедијален систем.

polo 2014 4

Кога станува збор за технологиите, „Volkswagen“ соопшти дека „Polo“ од „Golf“ ќе превземе некои од напредните системи, вклучувајќи го автоматското сопирање и застанување на автомобилот по евентуална незгода (Automatic Post-Collision Braking System), која ќе биде достапна како стандарден дел од опремата.

„Polo“ ќе биде достапен и со системот „Sport Select“ со кој возачот ќе може да одбира меѓу двата начина на поставување на суспензијата. На располагање е и новиот електромеханички управувачки систем кој ги подобрува возните карактеристики и овозможува прецизна контрола на управувањето на автомобилот.

polo 2014 5

Сепак, веројатно најважна модификација се случила под хаубата.

„Volkswagen“ во постоечката палета на мотори воведе две нови 1.4 литарски трицилиндарски дизел единици од 75 ks (55 kW) и 90 ks (66 kW). Oвие мотори доаѓаат наместо 1.2 литарскиот дизел агрегат со 75 ks и 1.6 литарската дизел единица со 90 ks.

polo 2014 6

Кога станува збор за бензинците, „Volkswagen“ претстави два трицилиндарски 1.0-литарски „MPI“ мотори со 60 ks (44 kw) и 75 ks (55 kW), кои ќе ги заменат постоечките 1.2 литарски „MPI“ единици.

Покрај тоа, задржани се и двата актуелни 1.2 литарски „TSI“ мотори со 90 ks (66 kW) и 105 ks (77 kW), како и 1.4 литарскиот „TSI“ со систем за деактивација на цилиндрите. Овој мотор ќе биде појачан од 140 ks нa 150 ks.

polo 2014 7

„Volkswagen“ соопшти дека „Polo GTI“, кој ќе се појави во 2015-та, исто така ќе има помоќна погонска единица.

Повеќе технички детали ќе бидат познати по женевската премиера, а „VW Polo“ зa 2014-та пристигнува во продажните салони напролет и тоа прво на германскиот, а потоа на другите европски пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП