7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство лани со раст од 3,2 проценти, во декември растот 9,5...

Индустриското производство лани со раст од 3,2 проценти, во декември растот 9,5 проценти

industrija336

Индустриското производство во текот на минатата година забележа пораст од 3,2 проценти, а во декември 2013 во однос на декември 2012 бележи раст од 9,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 4,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 13,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,9 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8 отсто, Капитални производи за 43,8 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП