8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНето платата во ноември 21.054 денари

Нето платата во ноември 21.054 денари

plata

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2013-та изнесувала 21.054 денари и во однос на ноември 2012-та е зголемена за 0,9 денари, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сè, на повисокиот износ на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 6,2 проценти, „транспорт и складирање“ за 5,3 проценти и „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 3,6 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември во однос на октомври, е забележано во секторите „рударство и вадење камен“ за 8,8 проценти, „снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината за 6,3 проценти и „градежништво“ за 4,2 проценти.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2013 изнесува 30.902 денари. Во ноември лани, 2 проценти од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП