18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекорден профит на Ikea

Рекорден профит на Ikea

ikea prodazbaaa

Најголемиот светски производител на мебел, шведската компанија „Ikea“, остварила рекорден нето профит од 3.3 милијарди евра.

Од податоците кои денеска ги објави компанијата, произлегува дека профитот за фискалната 2012-2013-та година завршена во август, е поголем за 3.1 процент на годишно ниво.

Вкупниот промет на „Ikea“ во минатата фискална година е зголемен за 3.2 проценти или на 28.5 милијарди евра. Најголеми пазари за компанијата се Германија, САД, Франција, Русија и Шведска.

Според планот за развој до 2020-та година вкупниот промет би требало да достигне 50 милијарди евра.

Од „Ikea“ исто така соопштија дека гледаат знаци на подобрување на многу пазари.

Евидентен е силниот раст во Кина, каде компанијата отворила две нови стоковни куќи, како и во Русија и во САД. Земјите од Јужна Европа исто така покажуваат позитивни знаци, иако продажбата на пазарите во Шпанија и Италија е многу намалена.

„Ikea“ моментално има 305 продавници во 26 земји и 135.000 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП