– Во Македонија има вкупно 170.885 земјоделски стопанства, покажува последното истражување на Државниот завод за статистика спроведено од 1 до 20 јуни 2013 година.
Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1,85 хектари земјоделско земјиште и има 2,14 добиточни единици. Вкупно користеното земјоделско земјиште е 315.863 хектари, а од вкупниот број стопанства, 58,2 отсто користат до еден хектар земјоделско земјиште.
Земјоделските стопанства имаат вкупно 365.868 добиточни единици, додека 56,5 проценти одгледуваат добиток, живина и пчелни семејства.
Според статистиката, во Република Македонија просечно има 0,5 трактори по стопанство, од кои поголемиот дел се двоосовински.