16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата издвои 90 милиони денари за поддршка на рибарството и аквакултурата

Владата издвои 90 милиони денари за поддршка на рибарството и аквакултурата

ribiii

Деведесет милиони денари ќе бидат наменети за годинашната Програма за рибарство и аквакултура што Владата ја усвои на последната седница. Од нив, 21,6 милиони денари ќе бидат наменети за рибарство, а 64 милиони денари за аквакултура.

Со овие средства, како што оцени денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓеорѓиев, ќе се спроведат мерки и активности кои не само што ќе придонесат за развој на економијата во езерските региони или регионите околу водните текови, туку со нив битно ќе се придонесе и во подобрувањето на условите во животната средина.

Во делот на рибарството годинава се планирани 13 милиони денари за порибување на Охридското Езеро, што е двојно повеќе од лани. Со ова се очекува да се подигне обемот на улов на охридската пастрмка, односно од ланските 3.200 илјади килограми дозволен лов, годинава тој ќе изнесува 16,5 илјади килограми.

Еден милион денари ќе бидат одвоени и како поддршка за изградба на специфичните мандри во Дојранското Езеро, а останатите средства од потпрограмата рибарство ќе бидат наменети за порибување на Преспанското и Дојранското езеро.

Во однос на аквакултурата со годинашната Програма планирано е да бидат издвоени 19,5 милиони денари за изградба и реконструкција на рибниците во државата и за набавка на опрема, а 30 милиони денари ќе бидат поддршка за порибителен материјал во специјализираните рибници.

За субвенционирањето за произведена и продадена риба годинава ќе бидат одвоени 15 милиони денари, односно со 20 денари по килограм ќе се субвенционира рибата од видот пастрмка, а со по 10 денари сите останатите видови риби кои се опфатени со програмата за аквакултура.

„На овој начин со континуираната поддршка ќе бидат остварени поголем број цели. Значајно е да се истакне дека преку континуираните заложби на Владата и сериозната финансиска поддршка на рибарството и аквакултурата во периодот од осум години за два и пол пати е зголемен фондот на произведена риба во Македонија“, истакна Ѓорѓиев.

Според него, овие податоци говорат за квалитетот на програмата со која се овозможуваат подобри услови во оваа дејност и се отвораат нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП