5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на приходите на германски RWE

Пад на приходите на германски RWE

RWE-Turm in Essen

Вториот по големина германски снабдувач на електрична енергија, „RWE“, објави дека во рамките на приходите од 2013-та година ќе има дополнителен отпис од 3,3 милијарди евра.

До тоа ќе дојде најмногу поради значајниот пад од заработката од електраните во континетална Европа.

Од друга страна, нема да има отпис во секторот на обновлива енергија, а вкупниот отпис ќе го намали нивото на профит во 2013-та година, истакуваат од „RWE“, a пренесува агенцијата Франс прес.

„Ширум Европа, електраните на јаглен и гас се под значаен економски притисок“, вели извршниот директор на германската компанија, Петер Териум, додавајќи дека „RWE“, како и другите производители на електрична енергија на Стариот континент, се навикнуваат на потешкотиите и работат за намалување на трошоците во своите електрани, се со цел да се зголеми профитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП