5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија доби заем од 97 милиони евра од Банката за развој на...

Македонија доби заем од 97 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа

conseil1

Банката за равој на Советот на Европа, ја потврди одлуката на Административниот совет на банката донесена на 24 јануари во Париз, во која е одобрен заем за Република Македонија во висина од 97 милионие евра за модернизација на здравствениот систем, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Оваа одлука на банката, објавување на веб страницата, изутринава за МИА ја потврди амбасадорот на Република Македонија при постојаната мисија на Република Македонија во Советот на Европа, Петар Поп Арсов, кој што е член на Управниот одбор на Банката како претставник на нашата земја.

Заемот од 97 милиони евра е доделен по барање и проект на Владата на Република Македонија, кој треба да послужи за продолжување на модернизацијата на здраствениот систем на земјата и подобар пристап до него. Тој треба да биде искористен и за реновирање на клиниката „Мајка Тереза“ од Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип.

– Овие амбициозни проекти ќе го прошират простапот до здраствените услуги и нивен поголем квалитет, со подобрување на условите за работа на околу 2000 вработени во овие здрастевни установи, се вели во соопштението на банката.

Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) е мултилатерална банка за развој посебно на социјален плам. Таа беше создадена во 1956 година како одговор на проблемот со бегалците, таа потоа се прилагоди на еволуцијата на социјалните потреби на општествата и зајакнувањето на нивната социјална кохезија.

Заемите на ЦЕБ, се даваат исклучиво за конкретни проектите предложени од 41 земји членки на Банката и тие се следат во нивното извршување од страна на Банката.

При последниот состанок на Административниот совет на Банката за развој на Советот на Европа, покрај на Македонија беа доделени заеми уште и за Франција во износ од 39,8 милиони евра за програмата за обнова на затворите, на Белгија 100 милионе евра за изградбда на социјални станови, на Полска 130 милиони евра за инвестирање во микро, мали и средни претријатија и на Србија 8 милиони евра за изградба на станбени згради во Краљево по земјотресот од 2010 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП