2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens го зголеми профитот

Siemens го зголеми профитот

siemens1

Германскиот производител на индустриска опрема „Siemens“ го зголеми нето профитот во четвртиот квартал за 20 проценти.

До раст на профитот на „Siemens“ дошло откако оваа компанија во претходниот период имала еднократен трошок на име доцнење на испораката на брзи возови.

Нето заработката во четвртиот квартал од 2013 година осносно првиот фискален месец за „Siemens“, се зголемила на 1,46 од 1,21 милијарди евра во однос на истиот период во 2012 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Минатата година, компанијата имала трошоци од 116 милиони евра поради доцнењето во производството на возови за германската железничка компанија, како и загуба од 150 милиони во работењето во областа на соларната енергија. Оваа година се остварени подобри резултати благодарение на продажбата на дел од имотот.

Од друга страна, силното евро и слабата побарувачка на пазарите во развој влијаеа на приходите, кои се намалени за три проценти, на 17,3 милијарди евра.

Нарачките, клучен индикатор за идниот профит, се зголемени за девет проценти. „Siemens“ оваа година очекува предизвици на пазарот и раст на нето профитот од 15 проценти, ако се исклучат ефектите на валутните промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП