2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Еврозоната мора да зајакне

ММФ: Еврозоната мора да зајакне

lagard-stan

ММФ од 18-те членки на еврозоната побара да ја забрзаат планираната реформа за создавање на банкарска унија, со цел да се обезбеди економски раст и да се создадат нови работни места.

Шефицата на ММФ Кристин Лагард изјави дека еврозоната мора да ги зајакне своите институции за да го стабилизира својот финансиски пазар и да ги ограничи „деструктивните врски“ со кои банките во опаѓање со себе ги повлекуваат и финансиите на државите.

Лагард истакна дека еврозоната затоа треба да го ствари планот за создавање на пан-европска институција која ќе ги затвора или реструктуира слабите банки, со цел да обезбеди финансиска заштита.

За овој план во моментов разговараат членките на ЕУ во Европскиот парламент со цел овој закон за оваа институција да се донесе до средината на април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП