5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија меѓу подобрите во Европа по „пивски стандард“

Македонија меѓу подобрите во Европа по „пивски стандард“

pivo1

Со минималната плата во Македонија може да се купат 196 шишиња пиво, во Србија 186, Бугарија 177, а во Романија едно шише помалку, покажуваат податоците за „пивскиот стандард“ во Европа, објавени на веб-страницата http://imgur.com/ .

Најмногу шишиња пиво со минимална плата, дури 1.028 може да се купат во Белгија, а најмалку, само 36 во Грузија. Во соседна Албанија минималната плата е доволна за 216, а во Грција за 227 шишиња пиво.

За некои земји како што се Италија, Швајцарија, Австрија и скандинавските држави или нема податоци или, пак, нема минимална плата, додека пресметките за Германија се базираат на очекувањето минимална плата да се воведе од наредната година.

Податоците за пивската карта на Европа се засноваат на цените објавени на сајтот http://www.pintprice.com каде се дадени податоци за средната цена на чинење на шише пиво во секоја земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП