8 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Софија – Првиот супермаркет на Карфур во Србија ќе биде отворен во Нови Сад, велат во компанијата ЦБМ Бугарија, која е сопственик на познатиот француски трговски синџир. Во компанијата ЦМБ Бугарија за порталот Си њуз потврдија дека планираат отворање на продажен објект во Нови Сад, истакнувајќи дека моментално не можат да изнесуваат повеќе детали за овој проект. ЦМБ Бугарија е огранок на компанијата ЦМ Балканс, која е ексклузивен сопственик на франшизата на Карфур за пазарот на Југоисточна Европа.

Љубљана – Словенците се срамат да купуваат во продавница во која цените се двојно пониски од другите, бидејќи за тоа мора да извадат потврда дека спаѓаат меѓу сиромашните. Тоа го покажува и случајот на првата социјална продавница од тој тип, која пред два месеца е отворена во Марибор. – Потврди дека месечните примања не надминуваат 450 евра, што е услов дека можат да купуваат во таа продавница, до сега подигнале 2.000 луѓе од поширокиот регион на Марибор, иако такви во тој регион има десет пати повеќе. Причината е срам, тврди шефот на социјалната продавница Сотра, Иво Поропат.

Сараево – Во БиХ во декември во 2013 година биле евидентирани 553.481 невработени лица, што во однос на ноември е повеќе за 2.007 или 0.36 отсто. Стапката на регистрираната невработеност во БиХ е 44,5 отсто во однос на вкупното работно население, според податоците на заводот и службата за вработување во БиХ. Од вкупниот број на лица кои бараат работа, 279.334 или 50,47 отсто се жени, соопшти Агенцијата за труд и вработување на БиХ.

Подгорица – Србија лани била главен надворешнотрговски партнер на Црна Гора, а вредноста на размената на двете земји била 640 милиони евра, соопшти Монстат. Според податоците на Монстат, Црна Гора лани најмногу стока увезла од Србија, во вредност од 506 милиони евра. Увозот во Црна Гора од Србија е три пати поголем од увозот на Грција, која се наоѓа на второ место со 149,8 милиони евра, а третата позиција ја зазема Кина со 142,8 милиони евра. Кога е во прашање извозот на Црна Гора, Србија повторно е на прво место во вредност од 133,5 милиони евра.

Подгорица – На местото на хотелот „Инекс Златна обала“ во Сутоморе треба да се изгради хотел кој ќе биде дел од познатиот ланец Кемпински, пишуваат подгорички Вијести. Додека одамна најавуваните инвестиции во луксузните хотелски комплекси на Маљевик и на Дубовац на Краљичина плажа кај Чањ не се покренаа, на подрачјето на Сутоморе во тек е инвестиција вредна 50 милиони евра, која на општина Бар треба да го донесе првиот хотел со пет ѕвезди, потсетуваат Вијести.

Виена – Еден унгарски инвеститор го тужел шпанскиот концерн ФЦЦ кој е сопственик на австриската компанија Алпина во стечај. Стечајот на градежниот концерн Алпина, откако се поднесени првите тужби на инвеститорот против австриските банки, ќе се најде и пред судовите во Шпанија, бидејќи еден унгарски инвеститор го тужел шпанскиот концерн ФЦЦ кој е сопственик на Алпина.

Токио – Трговскиот дефицит на Јапонија лани достигна рекордни 11,47 билиони јени т.е. 112 милијарди долари, соопшти Министерството за финансии во Токио. Трговскиот дефицит од 2013 година е најголем од 1979 година, од кога се применува постоечкиот модел на пресметување на дефицитот, а само нивото од декември дупло е зголемено на годишно ниво. Причина за таквиот дефицит е фактот дека користа од евтиниот јен по извозно ориентираната економија е намалена поради се поголемата потрошувачка на енергенси по катастрофата во нуклеарната електрана Фукушима.

Њујорк – Американската банка ЈП Морган Чејс често се наоѓа во центар на финансиски скандали, но нејзиниот извршен директор сепак доби значително покачување од управниот одбор. За извршниот директор Џејми Димон очигледно е заборавена 2012 година и превидот во т.н. Лондон вејлс скандал, кој фирмата ја чинеше околу 6 милијарди долари, па оваа година му се исплатени рамно 20 милиони долари, т.е. 8,5 милиони повеќе од годината во која е казнет.

Токио – На јапонскиот гигант Сони кредитниот рејтинг е намален на ниво на смет, соопшти агенцијата Мудис. Аналитичарите на Мудис наведоа дека одлуката ја донеле водејќи се од проценките дека главните дејности на Сони ќе продолжат да трпат поради значителен притисок. Посебна загриженост е изразена во областа на производството на телевизори и персонални компјутери, поради тоа што Сони на тие полиња се соочува со интензивна глобална конкуренција. Сони поради состојбата на пазарот неодамна ги намали прогнозите за годишниот профит за дури 40 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП