3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБрендови кои ја надживеаа Југославија

Брендови кои ја надживеаа Југославија

brendovisfrj1

ТВ мрежата „Al Jazeera“ направи репортажа за прочуените брендови од поранешна Југославија кои успешно ја пребродија транзицијата.

За време на поранешна Југославија брендовите остваруваа имиџ и препознатлив квалитет кој им помогна да се одржат на пазарот. Меѓутоа поради процесот на транзиција одредени компании наидоа на многу проблеми во понатамошното функционирање, што на крајот ги натера да ја променат стратегијата на работењето.

Поради тоа, „Al Jazeera“ изготви репортажа наречена – брендовите кои го „преживеаа комунизмот“ и успешно ја пребродија транзицијата во капиталистичкиот систем.

 

vegeta1

Подравка, Вегета

Професорката Злата Бартл, позната како тетка вегета, беше шеф на одделението кое во истражувачката лабoраторија на Подравка на крајот на педесетите години го измисли најпознатиот производ на оваа компанија – Вегетата. Злата Бартл никогаш не побарала хонорар за овој потфат, без оглед на тоа што овој производ постигна меѓународен успех. Вегетата на Подравка денес се продава во 40 земји од светот.

 

tomos1Томос, мотори

Фабриката во која некогаш работеа 3.000 работници, денес има околу 25. Иако компанијата се обиде да го задржи брендот со селењето во Турција, сепак тоа не се покажа како поволно. Во моментов тие испорачуваат мотори по нарачка, а некогаш оваа фабрика произведуваше 100.000 мотори годишно.

 

 

bambiplazma1Бамби, плазма кекси

Српскиот бренд Бамби плазма кекс во 1970 година произведувал околу 16 милиони кутии кекси, додека денес бројот на произведени кутии е дури 70 милиони. Даниел Боехи, директор на компанијата Бамби, вели дека тој раст е неверојатен. Имено, тие имаат раст поголем од 10 проценти не само во Србија, туку и во БиХ и во другите земји од регионот. Оваа година, како што најавија тие, во производството ќе инвестираат нови 10 милиони евра.

 

becutan1Бекутан, крема за деца

Македонската крема за деца, чија рецептура се чува како најголема деловна тајна, денес е еден од најголемите брендови во регионот. Бекутан постои веќе 36 години, а се проценува дека досега се продадени 45 милиони креми. Без оглед на силната конкуренција на пазарот за козметика, потрошувачите останаа лојални на кремата Бекутан.

 

 

gorenje111jhuhsuhsГорење, апарати за домаќинство

Словенечката компанија Горење на почетокот имала околу 11 вработени а низ времето на комунизмот дојде до 1.000 вработени. Сепак, со доаѓањето на деведесетите години дојде до поинаква деловна стратегија, со цел компанијата да остане конкурентна на пазарот. Компанијата се прошири и на азискиот пазар, а планира и експанзија на други континенти. Во нашиот регион, речиси и да нема дом каде не постои барем еден апарат со името на оваа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП