27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple објави рекордна, но разочарувачка продажба на iPhone

Apple објави рекордна, но разочарувачка продажба на iPhone

530878-apple-iphone-5s

Технолошкиот гигант „Apple“ објави рекорден број на продадени „iPhone“ уреди, но и покрај тоа, податоците за божиќните продажби беа прифатени како разочарувачки.

Компанијата исто така ги намали предвидувањата за бројот на трансакции во тековниот квартал. Помеѓу почетокот на октомври и крајот на декември нето добивката на компанијата изнесува 13,1 милијарди долари. Добивката по акција, која се тргува на Волстрит, надминала 41 центи, но останува под очекувањата на аналитичарите за 14.50 долари, а приходите исто се качиле малку над очекуваното, со 6 % до 57.6 милијарди долари.

„Apple“ објави дека продажбата „iPhone“ изнесувала рекордни 51 милиони примероци, спрема 47,8 милиони парчиња кои беа продадени во текот на истиот период една година порано. Но аналитичарите предвидуваа продажба од 55 милиони единици по претставувањето на крајот на септември на двата нови модели, „5S“ и „5С“. Компанијата, исто така, објавија дека очекуваат промет од само 42-44 милијарди долари за вториот квартал, што започна во почетокот на јануари.

Оваа повторно е разочарување за аналитичарите, кои очекуваат 46.05 милијарди долари, особено по трговскиот договор, што неодамна се реализираше со водечкиот во светот мобилен оператор „China Mobile“ во Кина и за што се сметаше дека веројатно ќе даде поттик на продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП