18 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМакедонската софтверска компанија "CodeWell" претстави забавна игра за корисниците на ,,Apple"

Македонската софтверска компанија “CodeWell” претстави забавна игра за корисниците на ,,Apple”

wordwell

Македонската софтверска компанија за развој на мобилни апликации, CodeWell, Ви ја претставува својата комплетно редизајнирана втора верзија на апликацијата Word Well .

Станува збор за забавна puzzle игра – сложувалка, во која составувањето на зборови е главната цел на играта.

codewell11

Буквите кои се наоѓаат во визуелен фокус, можат да се комбинираат во било која насока – хоризонтално, вертикално или дијагонално – со цел да се направат што поголеми зборови.

Постојат 3 нивоа на играта: Free, Survival и Timed.

Во “Free” имате неограничено време за игра каде учите нови зборови, додека во  “Survival” и “Timed”, предизвикајте се, се себе си и видете до каде можете да стигнете.

codewell2

Следете ги вашите неделни и вкупни резултатите на сите времиња, споредувајте, споделувајте со Вашите пријатели и покажете му на светот колку сте добри во составувањето на зборови!

Играта е наменета за сите возрасти и нуди забава и содржина која го заробува вниманието на корисниците.

За целосно играчкото искуство да биде пријатно, играта е дизајнирана во минималистички стил, без дополнителни непотребни дистракции.

До апликацијата може да се пристапи на следниот линк: https://itunes.apple.com/mk/app/wordwell/id591369961?mt=8

codewell4

Во меѓувреме се работи  на усовршување  на постоечката  верзија преку дополнување на голем број функционалности.

Моментално е достапна бесплатно само за корисниците na Apple, а во најава е и изработка на Андроид верзија за истата. Компатибилна е со iPhone, iPod touch и iPad. Работи на верзија iOS 7.0 и понови. Оваа апликација е оптимизирана за iPhone 5.

Ви посакуваме многу забава во сложувањето на зборови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП