20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака Фердинанд Порше ја започнал својата кариера

Вака Фердинанд Порше ја започнал својата кариера

ferdinand

Maлкумина знаат дека првиот автомобил кој го дизајнирал и го направил основачот на компанијата „Porsche“ настанал во далечната 1898-та година и имал електричен погон.

Музејот на „Porsche“ ги поседува возилата со кои Фердинанд Порше ја започнал својата кариера како конструктор на автомобили во компанијата „Jakob Lohner“ во Виена.

Возилото кое во историјата е познато под името „Egger-Lohner C.2 Phaeton“ или скратено „P1“, многу потесетува на тогашните отворени кочии и има два реда на седишта.

ferdinand1

„P1“ бил придвижуван од 130 kg тешкиот електричен мотор кој развивал 3 ks, a во кратки периоди на возење можел да испорача и 5 ks. Брзината со која автомобилот се движел била регулирана со помош на еден вид менувач со дванаесет степени на пренос.

Максималната брзина која „P1“ можел да ја развие изнесувала 35 km/h, a интересно е дека со едно полнење на батеријата возилото можело да помине и до 80 km.

ferdinand2

„P1“ имал и тркачко педигре со оглед дека Фердинанд Порше во 1899-та возел рели-трки во кои учествувале тогашните автомобили со електричен погон. Излезе дека натпреварувањето било многу тешко, поради тоа што повеќето од половината учесници не успевале да пристигнат до целта поради технички проблеми.

Меѓутоа, тоа не го спречило Фердинанд Порше да триумфира со својот автомобил постигнувајќи за 18 минути подобро време во однос на второпласираниот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП