25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе повторува гласањето за Светското првенство во 2022?

Се повторува гласањето за Светското првенство во 2022?

katar1

Не е исклучена можноста да се повтори изборот за домаќин на Светското првенство во 2022 година, кое треба да се одржи во Катар, објавува „Спорт Билд“.

Според Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), се очекува Етичкaта комисија за организација да предложи повторување на изборот за домаќин на светскиот шампионат, откако неколку месеци не престануваат сомнежите дека Катар го освоил првото место на гласањето, со купување на гласовите од членовите на Извршниот комитет на ФИФА.

Доколку дојде до повторно гласање за избор на домаќин, веројатно не би гласале само членовите на Извршниот комитет на ФИФА, туку и претставниците од 209 земји-членки на организацијата, соопштува „Спорт Билд“.

Специјализираниот фудбалски магазин „Франс Фудбал“, минатата недела во приказната за „сомнителната“ победа на Катар го вмеша и поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој е осомничен дека влијаел врз одлуката на претседателот на Европската фудбалска унија, Мишел Платини, да лобира за богатата земја од Блискиот Исток.

Во текот на гласањето на 2 декември 2010 година, Катар победи во конкуренција со Австралија, САД, Јапонија и Јужна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП