19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнисмени од Ирак во посета на Македонија

Бизнисмени од Ирак во посета на Македонија

irak biznisi

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Трговско-индустриската комора на Сулејманија, Северен Ирак, денеска организира Македонско-ирачки бизнис-форум, со цел воспоставување билатерални деловни контакти со ирачки и македонски компании, кои би биле потенцијални деловни партнери.

Бизнисмените од Ирак ќе се запознаат и со можностите за инвестирање и со потенцијалите за водење бизнис во Македонија. Бизнис-делегацијата ја сочинуваат компании заинтересирани за увоз и дистрибуција на разни видови македонски производи на ирачкиот пазар, прехранбени производи и пијалаци, земјоделски производи, козметички и фармацевтски производи, метален комплекс, градежништво и градежни материјали, индустриска опрема, трговија на производи за широка потрошувачка, мебел, транспорт, туризам…

Како што информира Стопанската комора, делегацијата доаѓа од Сулејманија, град со 1,6 милиони жители од Северен Ирак – Курдистан, област со 6,6 милиони жители, без царинско подрачје и широка автономија.

Со оглед дека се работи за крај богат со нафта, релативно неразвиена индустрија, овој пазар е во фокус на многу производители. Во Курдистан моментно функционираат 58 странски канцеларии како зародиш на идните дипломатско-конзуларни претставништва.

Прва средба со компании од Ирак, Комората организираше во 2010 година, по што почна извоз на свежо јаболко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП