27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКралска понуда за работа

Кралска понуда за работа

kralicatakrali129

Бекингемската палата објави конкурс за собар или собарка, а понудената годишна плата изнесува 17.340 евра.

Бекингемската палата бара да вработи собар или собарка кој ќе прави купка, ќе го одржува скапоцениот мебел и ќе има „изострено сетило за дискреција“, пишува на сајтот на британската кралска фамилија.

Собарот или собарката „треба да се грижи за гостите, да им ги распакува куферите, да го одржува накитот, да подготвува топла купка, да им помогне во облекувањето и да ги послужи со чај и доручек“, пишува на сајтот.

Меѓу работните задачи е и одржувањето на теписите и подот, просториите за гости, мебелот, завесите, уметничките предмети, огледалата, чашите и сребрениот прибор за јадење.

Собарот или собарката треба да водат сметка за деталите, со цел се да биде најквалитетно и да ја почитуваат приватноста.

Работното време е 40 часа неделно за годишна плата од 14,400 фунти (17,340 евра). Собарот или собарката покрај платата ќе има и стан и храна.

Бекингемската палата е лондонската палата на кралицата Елизабета Втора, а новиот собар или собарка ќе патува со кралицата три месеци годишно, за време на нејзиниот престој во другите палати во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП