27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Audi и натаму се несигурни како ќе изгледа А9

Во Audi и натаму се несигурни како ќе изгледа А9

audi a9

Самото име „Audi A9“ звучи импресивно. Во почетокот беше најавен како конкурент на „Mercedes CL“, a подоцна како поголема верзија на „A7“, но овој автомобил постојано го поставува прашањето пред раководството на германската компанија: Што „Audi“ сака од својот иден водечки модел. И додека во „Audi“ и натаму разговараат за тоа, како ќе изгледа новиот „A9“, дотаму се поставува и прашањето дали „A9“ треба да биде купе или спортбек верзија или пак автомобил во сосема некое друго издание.

Оваа информација ја потврди шефот за маркетинг, Лука ди Мео, кој ги потврди зборовите на извршниот директор на компанијата дека „Audi“ гледа голем потенцијал во сегментите „SUV“ и лимузина.

audi a91

Од ова може да се сфати дека „Audi“ бара нешто ново, нешто што нивниот бренд ќе го направи уште помоќен. Јасно е дека потенцијалниот „А9“ мора да отскокнува и да биде вонсериски. Во спротивно целата приказна околу него не би траела долго.

И додека раководството на „Audi“ не одлучи како „А9“ ќе изгледа, едно е сигурно. Овој автомобил со кој од „Audi“ се очекува да ја прикаже својата визија кон иднината, нема наскоро да ја види светлината на денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП