5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Шпанија странските туристи во 2013 потрошиле 59 милијарди евра

Во Шпанија странските туристи во 2013 потрошиле 59 милијарди евра

spaintourism124

Странските туристи во 2013 година во Шпанија потрошиле вкупно 59 милијарди евра, соопшти денес шпанското Министерство за туризам.

Туристите од странство потрошиле 9,6 проценти повеќе пари во Шпанија во однос на претходната година, покажуваат податоците на институтот за туризам Егатур, се наведува во соопштението.

На овој износ влијаело зголемувањето на вкупниот број на странски туристи во Шпанија, но и нивните дневни трошоци за време на престојот.

Британските туристи биле најбројни и во текот на престојот во Шпанија оставиле 12 милијарди евра.

На второто место се Германците со потрошени 9,72 милијарди евра, а на третото Французите со 5,93 милијарди евра.

Во Шпанија во 2013 година престојувале вкупно 60,6 милиони странски туристи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП