3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоповолни очекувања за обемот на производство во преработувачката индустрија

Поповолни очекувања за обемот на производство во преработувачката индустрија

industrijaind125488

– Економската состојба на фирмите во преработувачката  индустрија во декември во однос на ноември лани била понеповолна, а поповолна споредено со декември 2012, оценуваат раководителите на фирмите во анкетата на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е речиси на еднакво ниво како и во претходниот месец. За обемот на производството во декември во однос на ноември лани оценката е понеповолна, но е поповолна за наредните три месеци. Очекувањата за бројот на вработени се дека нивниот број ќе се намали, покажуваат денеска објавените податоци на ДЗС.

Во декември 2013, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во декември споредено со ноември се намалени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември изнесува 60,1 процент од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во декември имаат недоволната странска побарувачка со 25,8 проценти, недоволната домашна побарувачка со 18,9 проценти, неизвесното економско опкружување со 10,1 процент и финансиските проблеми со 9,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП