27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКризата ги менува навиките на Европејците

Кризата ги менува навиките на Европејците

seca1

Потрошувачите во Европа, се принудени да ги менуваат досегашните навики поради кризата која не престанува веќе четири години по ред, тие се свртуваат кон алтернативни форми на снабдување.

Според резултатите на студијата на „Opservatuar Setelem“, центарот за истражување на потрошувачките навики и европските домаќинства, само 34 проценти од испитаниците имаат намера да потрошат повеќе во оваа отколку во претходната година.

Во истражувањето учествувале 6,500 испитаници од 12 европски земји. Потрошувачите на стариот континент се повеќе се свртуваат кон алтернативни форми на снабдување.

„Со оглед дека 10 до 20 проценти од популацијата во европските земји моментално бара работа, порастот на алтернативни решенија не е изненадувачки“, наведуваат од центарот.

Размената на стоки и услуги, замената, купувањето на користени работи – имаат растечка тенденција. Во тој домен, Французите водат со 62 проценти, додека на европско ниво тој процент е 52 проценти.

Речиси 68 проценти од Европејците имаат намера во иднина да купуваат роба од „втора рака“, во споредба со 59 проценти кои беа забележани минатата година.

Улогата на интернетот, особено на социјалните мрежи, е од клучно значење за развојот на алтернативните модели на потрошувачка, оценуваат во истражувањето.

„Алтернативните видови во иднина ќе земат замав, бидејќи не постои причина да се запре овој тренд“, вели Нева, споредувајќи ја интернет трговијата во 2000 година и денес.

Дури една четвртина од испитаниците сметаат дека во иднина потрошувачите пред да донесат одлука за купување на одреден производ, ќе ги прочитаат ставовите на останатите на социјалните мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП