4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтуденти од УКИМ ќе учат претприемништво директно од компаниите

Студенти од УКИМ ќе учат претприемништво директно од компаниите

studenti kiril metodij

На студентите им е неопходна активна соработка со компаниите за да бидат конкурентни на пазарот на труд. Од факултетите добиваат теоретска настава, но не и, велат, доволно пракса.

Во оваа насока е проектот „Претприемништвото – иднина на студентите“ што беше промовиран денеска, а ќе го реализираат Стопанската комора на Македонија и Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).

„Целта е студентите да научат како сопствената идеја да ја преточат во бизнис и полесно да се приспособат на барањата на пазарот на трудот. За тоа, освен теоретско познавање, неопходни се и желба и амбиција“, беше речено на прес-конференција.

За проектот, од пријавените околу 100 студенти, селектирани се 50. Тие ќе имаат можност да присуствуваат на обуките што ќе ги држат предавачи од компани и банки-членки на Комората. Обуките ќе опфаќаат пишување бизнис планови, јавно зборување, презентирање, маркетинг трикови, промоција на производи преку социјални медиуми, информирање за кредити за самовработување и развој на мали претпријатија.

Критериум за избор беа кратки бизнис идеи. Меѓу најдобрите десет се креирање консултативно биро за привлекување странски инвестиции, инсталирање централно греење од отпад, продажба на занаетчиски производи, редизјанирање и репарирање на стар мебел,… Ги понудиле студенти од Граджениот, Машинскиот, Правниот, Економскиот факултет,…

Стопанска комора на Македонија и Студентскиот парламент при УКИМ по промоцијата потпишаа Меморандум за соработка што ќе овозможи натамошно реализирање слични вакви проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП