28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентација на можностите за инвестирање во Индија

Презентација на можностите за инвестирање во Индија

indija22132

Можностите за водење бизнис и поволностите што им се нудат на странските инвеститори ќе бидат презентирани пред околу илјада меѓународни компании и владини претставници кои присуствуваат на Самитот во Бангалор во Индија.

Самитот почнува денеска и ќе трае до среда и е еден од најзначајните собири во светот што го организира Конфедерацијата на индиската индустрија со поддршка на индиската Влада.

Во составот на македонската делегација која присуствува на самитот се министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, министерот за информатичко општество Иво Ивановски и директорот на Технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо.

Планирано е министерот Наумоф да ги претстави бенефитите што им се нудат на инвеститорите на панелот „Ефективни начини за соработка со меѓународни партнери за овозможување на подобар и побрз развој”.

Според Наумоф, самитот нуди можности компаниите да создадат нови бизнис соработки и е одлична прилика да се презентира Република Македонија.

На маргините на самитот планирано е министрите Наумоф и Ивановски да одржат повеќе директни средби со меѓународни компании, а една од позначајните е средбата со висок претставник на менаџментот на компанијата „Mindtree“, која нуди глобални информатички решенија. Компанијата е стратешки партнер на повеќе од 40 компании од „Fortune 500“ и остварува приход од околу 435 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП