4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Охрид ќе бидат потпишани договори за инфраструктурни проекти во Југозападниот плански...

Во Охрид ќе бидат потпишани договори за инфраструктурни проекти во Југозападниот плански регион

Ohrid-profil-2

– Германското друштво за меѓународна соработка (Одделението за регионален економски развој) и Швајцарската агенција за развој и соработка ќе финансираат неколку регионални инфраструктурни проекти од голема важност за Југозападниот плански регион.

Станува збор за основен проект за изградба на пречистителна станица во населбата Трпејца, основен проект за колекторски систем на потегот од селото Радожда до Калишта, основен проект за пречистителна станица во Центар Жупа, како и изработка на анализа за полезност од изградба на систем за одведување отпадни води во Кичево.

Потпишувањето на договорите за соработка со Германското друштво за меѓународна соработка и Швајцарската агенција за развој и соработка по односните проекти е предвидено за утре во Охрид.

Југозападниот плански регион го сочинуваат девет општини од тој дел на Македонија и тоа Вевчани, Дебар, Дебрца, Охрид, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Струга и Центар Жупа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП