2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија: Рекорден минус поради Фукушима

Јапонија: Рекорден минус поради Фукушима

A

Трговскиот дефицит на Јапонија минатата година достигна рекордни 11,47 илјади милијарди јени, 112 милијарди долари, соопшти Министерството за финансии во Токио.

Трговскиот дефицит од 2013 година е наголем од 1979 година, од кога се применува сегашниот модел на пресметување на дефицит, а само нивото од декември се зголеми двојно на годишно ниво.

Причината за таквиот дефицит е фактот што придобивките од евтиниот јен на извозно ориентираната економија се намалени поради зголемената потрошувачка на енергијата по катастрофата во нуклеарната централа Фукушима.

Извозот минатата година е зголемен за 9,5 проценти на 69,79 илјадри милијарди јени, што е неговиот прв раст во последните три години, но е поништен со растот на увозот од 15 проценти на рекордни 81,26 илјади милијарди јени.

Увозот на фосилни горива е зголемен за да се надокнади недостатокот во производството на струја по кризата од 2011 година, која доведе до затворање на нуклеарните реактори, кои некогаш произведуваа една третина од електричната енергија во земјата.

Јенот од крајот на 2012 година изгуби околу една четвртина од вредноста во однос на доларот, благодарение на мерките кои ги започна премиерот Шинзо Абе, кои претставуваат комбинација од зголемување на државната потрошувачка и монетарното олабавување.

Иако слабиот јен ја поттикна заработката на извозниците, повеќето компании не ги намалија цените во странство за да ја поттикнат побарувачката. „Нема знаци дека слабиот јен ја поттикнува конкурентноста на јапонските извозници, поради нивното двоумење да ги намалат цените“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП