1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВторо извлекување од наградната „Фискална во рака - награда без мака“

Второ извлекување од наградната „Фискална во рака – награда без мака“

fiskalna

Второ извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ ќе се одржи вечерва во 20 часот и ќе биде пренесувано на МРТ1.

Во ова извлекување учествуваат сите коверти кои е пристигнати на адресата на Државна лотарија на Македонија за наградната игра до ноќеска во 24 часот. За учество граѓаните треба во коверт да испратат 20 фискални сметки не постари од 15 ноември 2013 година со своите лични податоци. Ковертите може да се испратат по пошта и да се остават во пунктовите наменети за наградната игра кои се лоцирани на ул. Македонија, во „Техномаркет“ во Сити галери и во зградата на МРТ каде е седиштето на Државната лотарија на Македонија.

Главната награда за ова извлекување е автомобил Фолксваген Поло и 150 вредносни ваучери, во вредност од 1.000 до 60.000 денари.

Првото извлекување се одржа на 30 декември 2013 година. Има вкупно 13 извлекувања. Во сите извлекувања редовни награди се автомобил и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари, а во седмото кое ќе се реализира на 30 јуни 2014 и тринаесетото кое ќе се реализира на 29 декември 2014, покрај за редовните награди ќе се извлекува и за главните награди – стан во Скопје и продажен простор во Скопје. Во седмото извлекување за наградите стан и продажен простор ќе учествуваат и неизвлечените коверти од второто заклучно со шестото извлекување, а во тринаесеттото, за извлекување на наградите стан и продажен простор ќе учествуваат неизвлечените коверти од осмото заклучно со дванаесетото извлекување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП