27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarrefour ги презема продавниците од Coop Alsace

Carrefour ги презема продавниците од Coop Alsace

carrefour251422

Управниот одбор на францускиот дистрибутер „Coop Alsace“ кој веќе подолго време се бори со финансиски потешкотии, одобри продажба на 129 продавници на групацијата „Carrefour“.

Оваа операција би требало да овозможи спасување на 452 работни места.

Двете групации соопштија дека ги завршиле преговорите започнати во октомври минатата година, додавајќи дека трансакцијата опфаќа 90 проценти од продажната мержа на дистрибутерот, од вкупнo 144 продавници, пренесува францускиот весник Капитал.

Најновата операција му припаѓа на планот за реструктуирање на компанијата која се соочува со презадолженост (140 милиони евра) и годишна загуба од околу 25 милиони евра, почнувајќи од 2008 година.

По отстапувањето на овие продавници на „Carrefour“, „Coop Alsace“ ќе има само 300 вработени, во однос на 3,000 вработени кои ги имаше пред пет години, и тоа главно во три сектори, месари, кафулиња и логистика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП